Приватност

Ажурирано 15.10.2026.

Што собираме

Кога испраќате барање, зачувуваме име, назив на работилницата или фирмата, телефон, град, број на вработени и пораката што ја пишувате. Ништо друго.

Зошто

Само за да ве контактираме за демо или цена. Податоците не ги продаваме, не ги споделуваме и не ги користиме за реклами.

Колачиња и следење

Ако се согласите, користиме Google Analytics за да видиме колку луѓе ја посетуваат страницата и кои делови ги читаат. Google тогаш поставува колачиња _ga и добива податоци за посетата (страница, прелистувач, приближна локација). Google ги чува тие податоци 2 месеци. Реклами не користиме. Без согласност Google Analytics не се вчитува. Изборот се памти само во вашиот прелистувач и можете да го промените подолу.

Бришење

Ако сакате да го избришеме вашето барање, пишете ни на е-поштата од подножјето и ќе го избришеме.

[email protected]

← Назад на почетна