Скица на парче картон
Профилот се црта рачно, се препишува во тетратка, а во работилницата никој не е сигурен дали аголот е 90 или 135. Опшивката се прави повторно - а лимот е веќе платен.
За градежни лимарски работилници
Нацртајте профил или лајсна на екран и веднаш ја гледате развиената ширина, квадратурата и цената. Работниот налог оди во работилницата, а сè што клиентот некогаш земал останува на неговата картица.
Демото е бесплатно и трае 30 минути. Го цртаме профилот што вие најчесто го правите.
Повеќето лимари со кои разговаравме работат вака. Не е прашање на знаење - прашање е колку тоа чини.
Профилот се црта рачно, се препишува во тетратка, а во работилницата никој не е сигурен дали аголот е 90 или 135. Опшивката се прави повторно - а лимот е веќе платен.
Крак по крак, па заокружи на праг, па по должина, па по цена. Една погрешна цифра и опшивката сте ја продале под цена. Никој не го гледа тоа додека не ја погледнете заработката на крајот на месецот.
Клиентот се јавува за истиот олук како лани. Вие барате по тетратки, пораки на Viber и стари хартии. Колку должи - тоа го знае само тој што ја води касата.
Lim Line го решава токму ова. Не сè на светот - ова.
Внесувате крак и агол, а профилот се црта додека пишувате. Клик на крак ја менува должината, клик на темето - аголот. Профилите што често ги правите ги зачувувате како шаблон и следниот пат почнувате од готово.

Додека цртате, Lim Line ги собира краците и ја покажува развиената ширина. Ја заокружува на вашите прагови, пресметува квадратура, килограми и цена. Правилата ги поставувате еднаш - програмата ги почитува секој пат, и кај вас и кај вработените.

Р.Ш. 23,5 cm → наплата 25 cm

Како се редат лентите на ролната и колку отпад останува - тоа го покажуваме во живо.
Секој клиент има своја картица. На неа се сите налози, нацртани профили, документи и уплати, а горе - колку должи. Кога ќе се јави за „истиот олук како лани“, ја отворате картицата и го повторувате налогот.
Донесете скица на профилот што најчесто го правите.
Krovotehnika d.o.o.
Скопје · клиент од 2024. · попуст 5 %
Профил на екран, Р.Ш. и цена веднаш.
Работен налог со цртеж и мерки. Без цени - тоа на работниците не им треба.
Понуда, профактура и испратница од налогот. Сè останува на картицата на клиентот.
Во програмата има уште понешто. Не собира сè на една страница - а дел и не сакаме да им го покажеме на сите. Ова ќе го видите на демото:
RN-2026/LIM
Lim Line
| Бр. | Ставка | Опис |
|---|---|---|
| 1. | Ролни и отпадКолку лим оди во канта - пред сечење. | Колку лим оди во канта - пред сечење. |
| 2. | Збирни налозиИст профил од пет налози, едно поминување низ машината. | Ист профил од пет налози, едно поминување низ машината. |
| 3. | МагацинРолни и репроматеријал. Предупредување кога е време за нарачка. | Ролни и репроматеријал. Предупредување кога е време за нарачка. |
| 4. | Влез на стокаПриемница, набавна цена и маржа на едно место. | Приемница, набавна цена и маржа на едно место. |
| 5. | Испратници и профактуриPDF со вашето лого, подготвен за испраќање. | PDF со вашето лого, подготвен за испраќање. |
| 6. | Повеќе погониДве хали, една програма. Секој го гледа својот погон. | Две хали, една програма. Секој го гледа својот погон. |
| 7. | Дневник на измениКој што променил и кога. | Кој што променил и кога. |
| 8. | Останато | На демото. |
Lim Line настана во разговори со лимари. Седевме покрај машината за виткање, гледавме како профилот се црта на картон и како Р.Ш. се пресметува на калкулатор, и прашавме едно: колку ова чини на крајот на годината?
Програмата ја правиме за лимари што не сакаат да учат ERP. Сакаат да нацртаат профил и да знаат дека цената е точна. Сè друго е тука за да го поддржи тоа.
- Тимот на Lim Line
Работилница со тројца работници и фирма со две хали немаат исти потреби. Цената зависи од бројот на погони и вработени - ви ја кажуваме на првиот разговор, без обврска.
Секогаш вклучено
Lim Line е програма за градежна лимарија што работи во прелистувач - без инсталација. Цртате профили и лајсни, пресметката на материјал се прави сама, а работните налози, магацинот и картицата на клиентот се на едно место.
Не. Внесувате должина на крак и агол, како што би му кажале на работникот. Ако знаете да нацртате опшивка на хартија, знаете и овде.
Работи во прелистувач на компјутер, таблет и мобилен. Ништо не се инсталира. За цртање најпријатно е на компјутер или таблет.
Не. Lim Line не издава фискални сметки и не е поврзан со системите на УЈП. Фактурите ги издавате во програмата што веќе ја користите, а Lim Line ги води цртежите, налозите, понудите, испратниците, магацинот и картиците на клиентите.
За тенок градежен лим работилниците најчесто ја пресметуваат како збир на краците: окапница 3 + 12 + 6 + 2,5 cm има Р.Ш. 23,5 cm. Тоа е поедноставен метод - точниот резултат зависи од тоа како го котирате профилот и како виткате. Водич: развиена ширина (на српски) →
Да. Материјалите, дебелините, RAL боите, моделите на табли и праговите на развиена ширина се ваши - ги менувате сами.
Секој погон има свои налози и вработени, а сопственикот гледа сè. Ставките од еден налог можат да се работат во различни хали.
Само вие и вработените на кои им давате пристап. Податоците на секоја фирма се одвоени на ниво на база - друга фирма не може да ги види ни по грешка. Секоја измена се бележи: кој што променил и кога.
Демото е бесплатно и трае 30 минути: го цртаме профилот што вие најчесто го правите и ви ја кажуваме цената на програмата.
Повеќе сакате да пишувате?